Утрински Весник
Свет

Нетанјаху во проблеми, остана без адвокат

Нетанјаху во проблеми, остана без адвокат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден од најважните адвокати на премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, поднесе оставка.

Тој го стори тоа затоа што на неговиот клиент не му било дозволено да го финансира својот правен тим од приватни фондови.

Нетанјаху, на кого му се суди за корупција, што тој ја негира, побарал 2,9 милиони долари од неговиот пријател, американскиот милијардер Спенсер Патрих, за да ги покрие трошоците за адвокатите.

Сепак, по препораката на Врховниот израелски обвинител, Oдборот во канцеларијата на државниот контролор го спречил Нетанјаху да ги прими парите, објаснувајќи дека тоа би било несоодветен подарок за владин службеник.

На 70-годишниот израелски лидер, чиј личен имот се проценува на повеќе од 10 милиони долари, му беше наредено да врати и дел од парите што ги добил од неговиот братучед од САД, Нејтан Миликовски, за да ги покрие судските трошоци.

После тоа, адвокатот Миха Фетман поднесе оставка од правниот тим на Нетанјаху, а израелските медиуми објавија дека оставката е поврзана со пари и изгледите дека трошоците на Фетман нема да бидат покриени.

Извор директно поврзан со случајот синоќа за францускиот печат потврди дека заминувањето на Фатман е поврзано со одлуката на Одборот да го спречи Нетанјаху да прима пари од приватни фондови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дефект во тунелот под Ла Манш го парализира железничкиот сообраќај меѓу Британија и Европа

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц