Утрински Весник
Магазин

Џена Деван изгледа совршено четири месеци по породувањето

Џена Деван изгледа совршено четири месеци по породувањето

Таа го роди својот син Калум во март.

А неделава, неполни четири месеци по породувањето, Џена Деван сподели „Инста приказна“ на која го покажа своето нокаут-тело во едноделен црн костим за капење.

Во објавата, таа се заблагодарува на ќерката на Дејвид Фостер, Сара и брендот Summersalt „за нејзиниот нов омилен костим за капење кој ќе го носи постојано дома“.

39-годишната професионална танчерка предизвика бура на социјалните мрежи со својата совршена фигура, со крената рака за да го почувствува сонцето.

Поранешна сопруга на актерот Ченинг Тејтум го роди своето второ дете, синот Калум Мајкл Ребел Кази во март.

 

Своето второ дете го доби со вереникот Стив Кази кој неодамна ја побара за жена, а од бракот со Тејтум ја има шестгодишната ќерка Еверли.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Кои хороскопски знаци најтешко поднесуваат неправда?

Кога е најдобро да се јаде темно чоколадо за подобра апсорпција на антиоксиданси