Утрински Весник
Македонија

ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе електронска сметка

ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе електронска сметка

ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.

На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk  корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска сметка.

„Доколку не сте регистриран електронски корисник, а сакате да ја добивате вашата сметка електронски, следете ги упатствата на e.vodovod-skopje.com.mk и  пополнете го формуларот за е-сметка и скениран доставете го на [email protected]  или во приемните канцеларии на Сектор за наплата при ЈП Водовод и канализација – Скопје“, соопштија од претпријатието.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;  02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk;  www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар над селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

МВР објави видео од марихуаната која беше запленета од меѓународната криминална група

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари