Утрински Весник
Свет

Муслиманка го тужи „Старбакс“ – на чашата за кафе место нејзиното име, напишале ИСИС

Муслиманка го тужи „Старбакс“ – на чашата за кафе место нејзиното име, напишале ИСИС
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Девојка од Минесота на возраст од 19 години ја тужи продавницата „Таргет“ за дискриминација, откако на чаша кафе од „Таргет Старбакс“, вработените место нејзиното име го напишале зборот ИСИС.

Така наместо името на девојката од исламска вероисповед, на чашата осамнал натпис со називот на озлогласената терористичка група.

Затоа, Ајша одлучила да го пријави случајот во Министерството за човекови права во Минесота, а ќе ја претставена Советот за американско-исламски односи во Минесота, пренесе порталот „Кликс“.

Ајша вели дека се чувствува отфрлена поради нејзините религиозни убедувања откако го видела натписот поврзан со терористите, познати по своите радикални верски убедувања и насилство.

„Кога го видов тоа, бев преплавена од емоции. Се чувствував понижено, тоа е збор што го уништува угледот на муслиманите ширум светот. Не верувам дека вакво нешто е прифатливо денеска”, рече Ајша.

Инцидентот се случил на 1 јули, а покрај хиџабот, таа носела и заштитна маска поради пандемијата на коронавирус. Таа го повторила своето име на вработената во „Таргет Старбакс“ неколку пати.

„Кога таа ме праша за името, јас полека го изговорив неколку пати. Невозможно е да слушнала ИСИС. Ајша не е непознато име, а го повторував и неколку пати“, рекла девојката.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ФБИ спречило потенцијален потенцијален терористички напад во Северна Каролина

Чешкиот премиер Бабиш повикува на мир и ги критикува алармистите за војна

Апсења за корупција по пожарот во Хонг Конг