Утрински Весник
Спорт

Фудбал повторно се игра во САД – Нани го реши дербито на Флорида (Видео)

Фудбал повторно се игра во САД – Нани го реши дербито на Флорида (Видео)

Изминатата ноќ се одигра првиот фудбалски натпревар во САД откако сезоната беше прекината на 12 март поради пандемијата на вирусот Ковид-19.

Лигата се врати со дербито на Флорида помеѓу Орландо и Интер Мајами. Победата ја однесоа играчите на Орландо благодарение на Португалецот Нани.

Нани му асистираше на Мелер за 1:1, а потоа во 97 минута постигна гол за победа на Орландо. Претходно Интер Мајами имаа предност со голот на Хуан Агудел.

Фудбалскит шампионат на САД (МЛС лига) се игра според изменет формат, сите натпревари ќе се одиграат во комплексот Дизниленд во Орландо. Учествуваат 25 екипи кои се поделени во шест групи (Далас се откажаа од настап на турнирот). Во нокаут фазата ќе се пласираат 16 екипи.

Во Дизниленд за 26 дена ќе се одигра 51 натпревар, финалето е закажано за 11 август.

 



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига