Затвореник од Тексас, осуден поради убиство и кражби кои ги извршил пред речиси 30 години, е егзекутиран вчера, пренесе Ројтерс.
Били Џо Вардлов (45) вчера е прогласен за мртов откако му била вбризгана смртоносна инекција поради злосторството кое го извршил пред речиси 3 децении.
Обвинителството го обвинило Вардлов дека заедно со својата девојка Тоња Фулфер провалил во куќа на 82-годишна жена во Кејсон, североисточен Тексас, на 14 јуни 1993 година.
Откако Вардлоу пукал во главата на жената додека се бореле, тој и девојката побегнале од местото на несреќата со камионетот на убиената жена.
Вардлов и Фулфер отишле во Монтана, каде следниот ден откако стигнале таму го замениле камионетот за Форд мустанг кабриолет. Еден ден подоцна тие биле уапсени во Јужна Дакота, а полицијата во кабриолетот пронашла оружје за кое било потврдено дека е употребено за убиство на 82-годишна жена.
Варлов е осуден на смртна казна за убиство во 1995 година, а неговата девојка на десет години условна казна.
Неговите адвокати безуспешно се обидувале да го откажат неговото егзекутирање, нагласувајќи дека нивниот клиент во моментот кога го извршил убиството имал само 18 години, дека не бил во целост свесен за своите постапки и дека поради тоа не би требало да биде осуден на смртна казна.
Во Тексас се егзекутирани повеќе затвореници од која било друга американска држава, откако Врховниот суд повторно воведе смртна казна во 1976 година.
Вардлов е трет затвореник во Тексас, а седми во САД, кој е егзекутиран во 2020 година.