Утрински Весник
Македонија

Гаши: Заедно можеме да направиме пресврт за Албанците од Северна Македонија

Гаши: Заедно можеме да направиме пресврт за Албанците од Северна Македонија

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, во својот говор за време на вчерашниот митинг во Кичево, упати апел останатото време до изборите да се искористи максимално, да се убедат граѓаните да излезат на гласање.

„Треба да се искористи секој момент да се затропа на совеста на граѓаните да се поканат да ни се придружат на нас, нашите партии, нашите поддржувачи и многу Албанци кои го сакаат доброто на Албанците, заедно да направиме пресврт за Албанците во Северна Македонија, големата победа на 15 јули“, рече Гаши.

Тој им се обрати на граѓаните кои се немаат одлучено за кого и дали ќе гласаат.

„Првата група на која денес сакам да се обратам од Кичево е индиферентна група на луѓе и кои сè уште се прашуваат дали да излезат на гласање или не. Ве молиме, браќа и сестри, ако имате малку желба да ја видите ова земја напредната , ве молиме излезете на 15 јули и поддржете нè. Запомнете дека претпоставките и индиферентноста во ова време се непријател на промените. Ако не излезете да гласате, ќе не спречите да направиме разлика, додека ќе му помогнете на сторителот да продолжи со деградацијата на секоја вредност што ја прави 18 години по ред“, рече Гаши.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Малески: Конфронтација со Грција и Бугарија, ќе ја фрли нашата држава без излез на море

Носителката од ГРОМ во ИЕ1, Андоновска обвинува за изборна кражба

Граѓаните со пофални зборови за досегашната работа на Пендаровски