Утрински Весник
Македонија

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјава само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјава само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјава само со негативен тест за коронавирус, одлучи Владата.

„Владата донесе одлука со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот“, соопштија од Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Натпросечно топло, но од четврток (11 септември) и нестабилно со врнежи и грмежи!

„Винчини“ ќе се обнови – „Макпрогрес“ ќе ги задржи сите вработени