Утрински Весник
Македонија

Села: Недостаток на вода за пиење беше и е еден од главните проблеми на граѓаните на Тетово

Села: Недостаток на вода за пиење беше и е еден од главните проблеми на граѓаните на Тетово

Недостаток на вода за пиење беше и е, еден од главните проблеми на граѓаните на Тетово и околината, изјави Зиадин Села, претседател на Алијансата за Албанците, на средба со жителите на Речица, заедно со кандидатите за пратеници во шестата изборна единица. Села им вети на жителите од оваа област дека по четири години повеќе нема да се зборува за пиење вода затоа што ова ќе биде реалност.

„Штом ја зимаат водата што Бог ни ја дава преку оваа убавина што е Шар Планина и штом ја носат преку канали во Маврово, а Тетово го оставаат без вода, иако 18 години добија мандат од тетовци. Тие веќе немаат место меѓу вас. Додека ветуваме дека кога ќе дојдеме после четири години, веќе нема да зборуваме за вода, нема да зборуваме за улички и училишта затоа што тие ќе бидат реалност“, кажа Села.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дождлив викенд пред Македонија: циклон од Џенова носи пообилни врнежи од петок

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ