Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Го распламтивме огнот на македонскиот идентитет

(Видео) Заев: Го распламтивме огнот на македонскиот идентитет
Dik 300x250 mk

Докажавме дека не само што не згаснал пламенот на македонскиот јазик и идентитет, напротив, го расплативме тој пламен, денес македонскиот јазик е признаен од целиот свет, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната трибина на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во Прилеп.

„Бидете горди, создадовме држава суверена, каде живеат Македонци, признаена од целиот свет. Тие што го нарекоа Блаже Конески џуџето од Небрегово, не можат да продаваат лажен патриотизам и национализам. Нашиот идентитет го зачувавме со памет и со мудрост“, истакна Заев.

Според него, последен доказ дека сме го зачувале и зацврстиле нашиот идентитет и нашиот македонски јазик е преговарачката рамка со ЕУ.

„Таму јасно стои дека европското законодавство ќе биде преведено на македонски јазик. Со години во извештаите од ЕУ не стоеше македонски јазик, туку службен јазик или јазикот на мнозинството граѓани, денес тоа веќе го нема. Македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички“, посочи претседателот на СДСМ.

Заев порача дека граѓаните гледаат сé – и кој се грижи за националните интереси, и кој мисли на економијата и затоа, како што кажа, нема да дозволат лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад во изолација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството