Утрински Весник
Свет

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата.

Според репортерот на Б92, дошло до немири, при што демонстрантите фрлиле со факли кон зградата на Собранието, а полицијата испукала солзавец.

Дел од демонстрантите ја разбија одтадата пред зградата на паралентот и фрлаа со камења.

По нападот врз полицијата, органите на реедот ги растерале демонстрантите и го зазеле целото плато пред српскиот парламент.

Во стампедото, луѓето паѓаа едни над други, а додека беа во поголеми груп, припадниците на полицијата тепаа со палки.

Има повредени, а меѓу нив е и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.

Исто така на местото се присутни оклопни транспортери на полицијата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела