Утрински Весник
Свет

(Видео) Напад врз полицијата во Нови Сад, обиена зградата на РТВ Војводина

(Видео) Напад врз полицијата во Нови Сад, обиена зградата на РТВ Војводина

Под влијание на протестите во Белград, неколку илјади граѓани се собраа и во Нови Сад, на плоштадот пред Градската палата, а кон нив се придружија и студенти од домовите во Нови Сад.

Група од пет млади мажи облечени во црно  фрлаа камења и петарди кон полициските патроли.

Неколку моменти подоцна зградата на Радио-телевизија Војводина беше нападната со камења и петарди.

Локалните медиуми јавија дека биле каменувани и простории на партијата Српска напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Истече рокот од 60 дена, но нема договор меѓу САД и Иран

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област