Утрински Весник
Спорт

Елмас погоди, ама ВАР го поништи голот (видео)

Елмас погоди, ама ВАР го поништи голот (видео)

Серија А – 31 коло.

Македонскиот фудбалски интернационалец во редовите на Наполи, Елиф Елмас во 7 минута ја затресе мрежата на Џенова при една мешаница пред голот. Сепак ВАР му ја скрати радоста.

Технологијата покажа дека пред Македонецот да ја затресе мрежата, Манолас играл недозволено, со рака.

Елмас е стартер на мечот на кој треба во секој момент да започнат вторите 45 минути.

Кај домашната екипа, која грчевито се бори за опстанок на клупата е Горан Пандев.

Се поизвесно е дека во вториот дел ќе добие шанса затоа што Наполи по првиот дел со голот на Мертенс постигнат во 45 минута води со 0-1.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона

Бабунски промаши пенал, Струга ТЛ победи во дербито на колото

Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонската трка на ЕП