Утрински Весник
Спорт

Нова „братска“ помош од Салцбург за Лајпциг, доаѓа замена за Вернер

Нова „братска“ помош од Салцбург за Лајпциг, доаѓа замена за Вернер

Германскиот фудбалски репрезентативец, Тимо Вернер го напушти Лајпциг, потпиша за Челси, а неговото место кај „биковите“ ќе се обиде да го пополни репрезентативецот на Јужна Кореја, Хванг Хи-Чин.

Воопшто не е иненадување што новото засилување за Лајпциг доаѓа од „братскиот“ Салцбург.

Фудбалскиот напаѓач кој има 32 настапи за националната селекција треба да ја пополни празнината во офанзивната линија на Лајпциг по заминувањето на Германецот.

Кореецот сезонава во Салцбург одигра 40 меча и постигна 16 гола, од кои дури 11 во австриското првенство. Член на
Салцбург е од 2016 година, а идната сезона ќе биде неговото деби во Бундеслигата.

Овој трансфер меѓу „братските“ екипи е 18-ти во поновата фудбалска историја.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал