Утрински Весник
Спорт

Џошуа ги повика спортските ѕвезди да се организираат против расизмот

Џошуа ги повика спортските ѕвезди да се организираат против расизмот

Светскиот првак во тешка категорија, британскиот боксер, Ентони Џошуа ги повика најголемите спортски ѕвезди да формираат организација за заедно да се борат против расизмот.

Британскиот тешкаш кој е омилен во Велика Британија даде голема поддршка во текот на протестите „Blаck Lives Matter”.

„Сметам дека како индивидуалец тешко дека ќе направам било какви промени за разлика од тоа ако се здружиме и организираме. Мислам дека е многу важно тоа што ќе го застапуваме. Ќе се борам за правата на личностите од афричко-карипско потекло“ – рече Џошуа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Видео од тепачката на детскиот фудбалски натпревар – Гледачите барале да се викне полиција

Децата биле во шок: Родители се степаа на детски фудбалски турнир – ФФМ го осуди инцидентот

ФИФА размислува да ги намали тимовите во топ лигите за да го зачува форматот на Светското клупско првенство