Утрински Весник
Македонија

(Видео) Димитров: Како што се борев за нашата европска иднина, така сега ќе се борам за правна држава

(Видео) Димитров: Како што се борев за нашата европска иднина, така сега ќе се борам за правна држава

Јас лично ви ветувам дека битката против криминалот и корупцијата ќе биде следната голема битка. На патот каде што одиме одговорноста е суштина, порача во видео обраќање носителот во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров.

„Нема доволно правда. И ако ме прашате дали сум и jас разочаран, апсолутно сум. Но, да кренам раце, на краj памет не ми доаѓа. Во мојот ресор, душата jа оставив. Таа огромна планина се искачи, постигнавме децениски цели, влеговме во НАТО и на чекор сме од почеток на пристапни преговори со ЕУ, во фаза сме кога се разговара за таа динамика и се усвојува преговарачката рамка“, посочи Димитров.

Тој воедно упати ветување дека со истата жар и енергија што ги вложил во евроатлантскиот интегративен процес, во наредниот мандат ќе се вложи за да има правда во државата.

„Сакам да ве повикам, сите тие коишто се мислите дали да сте дома и дали да излезете на 15 jули и да гласате. Сакам да ве повикам, да излезете. Имаме огромна шанса како нација, имаме закон за јавно обвинителство што овозможи истрагите и случаите да не застарат, да не се пикнат под килим и го имаме огромниот рефлектор што ни го носи пристапниот процес со Европската Унија. Мораме да ја искористиме оваа шанса, бидејќи следна, нема да имаме“, посочи носителот во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика