Утрински Весник
Македонија

Одбрани конечните три решенија за нови летни сцени во Градскиот парк

Одбрани конечните три решенија за нови летни сцени во Градскиот парк

Град Скопје ги одбра трите најсоодветни решенија од конкурсот за поставување на летни отворени сцени на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје.

Како што информираат градските власти, по разгледување на пристигнатите трудови, Комисијата за оценување за најсоодветни решенија ги избрала трудовите со работна шифра „ОМММ“, „Коноид“ и „Конус“.

Од нив, решението за летна отворена сцена со работна шифра „ОМММ“ ќе биде поставено во близина на Езерце, во првиот дел на паркот, летната сцена со работна шифра „Коноид“ ќе биде поставена на локација во билзина на Сточарскиот институт, додека пак локацијата на третото одбрано решение со назив „Конус“ ќе биде во непосредна близина на езерцето, спроти кајак кану клубот „Илинден 90“.

Генералната оценка на Комисијата е дека конкурсните барања се во голема мера запазени, односно дека е запазена и испочитувана проектната програма, предложен е уникатен дизајн и предложени се материјали со долговечност за изработка.

„Исто така, предложените идејни решенија се одликуваат со високи естетски вредности, придонесуваат врз подобрување на културните навики на жителите на град Скопје и одлично се вклопуваат со непосредното опкружување“, се наведува во соопштението.

Град Скопје најдобрите трудови ќе ги награди со по 70.000 денари за секоја од трите локации и ќе склучи договори со избраните автори.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ