Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени со коронавирус

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени со коронавирус
Dik 300x250 mk

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави за гласање и од 3.138 болни и немоќни лица.

Оваа состојба е заклучно со вчерашниот ден, а пријавувањето е отворено до вечерва на полноќ. Тие ќе можат да гласаат дома, а за нив ќе бодат формирани посебни тимови во кои ќе има и здравствени работници.

Од Државната изборна комисија известија дека од вкупно 300 здравствени работници кои треба да бидат вклучени во изборниот процес, добиле 100 барања за изземање од различни причини. Барањата се прифатени на 80 здравствени работници.

„Имаме мал проблем околу изборот на здравствените работници. Од веќе избраните, 80 донесоа медицинска или друга документација со која потврдуваат дека не можат да учествуваат во изборниот процес. Сега пак ќе ги менуваме, ќе избереме нови по случаен избор“, велат од ДИК.

Изземените здравствени работници донеле документација за хронични болести, дел биле пензионери, а меѓу избраните имало и такви кои не можат да се најдат на пријавените адреси. ДИК работи на собирање податоци за потполнување на тимовите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени