Утрински Весник
Свет

Кинеска компанија доби 66 милиони долари за развој на вакцинa против „Ковид-19“

Кинеска компанија доби 66 милиони долари за развој на вакцинa против „Ковид-19“

Кинеската компанија „Кловер биофармација“ доби 66 милиони долари од Коалицијата за иновации во подготвеноста за епидемии (ЦЕПИ), која е составена и финансирана од влади и филантропски здруженија, за да го поттикне откривањето на вакцина против „Ковид-19“.

Во април, ЦЕПИ и даде на кинеската компанија почетни 3,5 милиони американски долари, по најавеното партнерство меѓу двете страни.

ЦЕПИ е основана во Осло во 2017 година како одговор на нови епидемии. Организацијата е поддржана од 14 влади и разни фондации, како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс или британската хуманитарна организација „Велком траст“.

ЦЕПИ, исто така, инвестираше големи суми пари и во други фармацевтски компании кои работат на вакцина против „Ковид-19“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Абориџините обвинуваат дека компанијата „Рио Тинто“ предизвикала пресушување на свет извор со вода

Северна Кореја ги избриша од Уставот одредбите за обединување со Југот

Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер