Утрински Весник
Свет

Во БиХ, 244 нови случаи на инфекција со коронавирус

Во БиХ, 244 нови случаи на инфекција со коронавирус

Во Босна и Херцеговина се потврдени 244 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што земјата се доближи до рекордниот број на новозаразени регистрирани во неделата, кога имаше дури 289.

Како што објавија од ентитетските институции за јавно здравје, во изминатите 24 часа биле тестирани нешто повеќе од 1.500 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 123 лица од територијата на БиХ и кај 121 лице од Република Српска. Пријавен е и нов смртен случај поврзана со инфекцијата.

Поединечно, најголем број нови случаи има во Сараево, каде што се регистрирани 45 новозаразени, по што следат Бијелина со 25 случаи и Бања Лука со 16.

Според збирните податоци, вкупниот број на заразени лица со коронавирус во БиХ од почетокот на епидемијата сега е близу 5.900, со 208 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk