Утрински Весник
Свет

ИБНА: Десничарски демонстранти ги предизвикаа нередите на протестот во Белград

ИБНА: Десничарски демонстранти ги предизвикаа нередите на протестот во Белград

Регионалната новинска агенција ИБНА во извештајот за синоќешните протести во Белград истакнува дека крајно десничарски ориентирани демонстранти предводени од Срѓан Ного ги предизвикале судирите.

Агенцијата наведува дека мирните протести против воведувањето полициски час во Белград во текот на претстојниот викенд ескалирале во судир меѓу демонстрантите и полицијата по нападот на еден од лидерите на крајната десница Срѓан Ного кој се обидел да влезе во зградата на Парламентот.

Во извештајот се наведува дека групата предводена од Ного стоела пред зградата на Парламентот извикувајќи десничарки и антимигрантски пароли и слогани „Нема да го напуштиме Косово“ и „О, Косово, Косово“.

ИБНА нведува дека Ного е познат по десничарска реторика и ширење теориии на заговор против вакцинацијата.

Демонстрантите кои извикувале и четнички пароли, пишува ИБНА, почнале да фрлаат камења и шишиња кон полицијата која возвратила со солзавец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег