Утрински Весник
Свет

(Видео) Ребиќ: Хулигани го блокираа преминот на Итната помош во Белград

(Видео) Ребиќ: Хулигани го блокираа преминот на Итната помош во Белград

Директорот на полицијата денеска изјави дека по половина час од немирите станало јасно во кој правец ќе се развива ситуацијата во Белград, кога група хулигани го блокирала преминот на Итната медицинска помош.

„Немам друг збор освен – хулигани“, рече Владимир Ребиќ и истакна дека припадниците на полицијата до крајот се воздржувале да не применат сила.

Според него, се започнало со непријавено собирање на граѓани, а веќе се половија час се случил инцидент кој навестувал со каква намера се луѓето кои се собрале.

„Група од 50 лица не дозволувапе да помине Итната помош, која превезуваше загрозен пациент.Подоцна околу 22.20 часот група пд повеќе десетици насилници се туркаше со полицијата и влезе во холот на Собранието”, рече Ребиќ на прес-конференција.

Според него, насилниците потоа се одлучиле на порадикални мрки – ја мавале полицијата со кемања, шишиња и со се што ќе им дошло при рака со што ги загрозиле нивните животи.

„Дури тогаш започна примена на сила, фрлање на солзавец и ангажирање на коњаничката единица“, рече Ребиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk