Утрински Весник
Македонија

Силјановска Давкова: Наука со 0,1 проценти не може да имаме, со „Обнова“ следуваат сериозни реформи во образованието

Силјановска Давкова: Наука со 0,1 проценти не може да имаме, со „Обнова“ следуваат сериозни реформи во образованието
Dik 300x250 mk

Вчера при средбата со граѓаните Гордана Силјановска Давкова, носител на изборна единица 1 посочи дека по 15-ти јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите ќе започнат сериозни реформи во образовниот систем бидејќи се неопходни.

„ Во образованието на сите нивоа имаме залутани луѓе. Наука со 0,1 проценти не може да имаме. Срамота. Во програмата е првиот чекор кон Обновата. Зголемување на финансиите. Да не ги земаат најдобрите студенти странците“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека шесте државни универзитети не треба да се фабрики за вработување во јавната администрација.

„ Новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе плати за објавување во web of science и ќе зголемување на платата за 50%“, истакна Силјановска Давкова.

Таа посочи дека во програмата има предвидено и стипендии за ученици и студенти.

„ Не сите имаат компјутери, не може во Ковид време сите да се online. Мора државата да помогне, и обновата тоа таа го нуди“, рече вчера Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека за жал странците ништо не знаат за нас, затоа мора да имаме наша литература.

За крај, таа вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада сигурно еден од нашите универзитети ќе биде меѓу првите 1000 универзитети на Шангајската листа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија