Пекинг објави, втор ден по ред, дека нема нови случаи на инфекција со коронавирус. Тоа е првпат откако беше откриен кластер на пазарот Ксинфади во кинеската престолнина на 11 јуни, пишува Си-ен-ен.
Во меѓувреме, во остатокот на Кина сè уште се забележува едноцифрено зголемување на нови случаи на инфекција со коронавирус. Така, регистрирани се седум нови случаи, што е еден помалку од претходниот ден.
Од новите случаи, четири се пријавени во Внатрешна Монголија и по еден во Шанкси, Гуангдонг и Јунан. Вчера не се пријавени смртни случаи поврзани со ковид-19.
Но, пријавени се шест асимптоматски случаи, додека 117 асимптоматски пациенти се уште се под медицински надзор.