Утрински Весник
Свет

(Видео) Холандската полиција откри тајна соба за тортура, се наоѓала во контејнери за испорака

(Видео)  Холандската полиција откри тајна соба за тортура, се наоѓала во контејнери за испорака

Властите во Холандија откриле тајна просторија за тортура, скриена во контејнери за испорака. Собата била обложена со звучна изолација и полна со опрема која може да се користи при злоупотреба и измачување на луѓе.

Полицајците на 22 јуни спровеле рација во место на холандско-белгиската граница и уапсиле шест мажи осомничени за киднапирање. Пронашле шест контејнери за превоз, кои се претворени во затворски ќелии, како и залихи на оружје, објави Си-ен-ен.

https://www.youtube.com/watch?v=LRE0lFmT8hw

„ Во секоја ќелија се наоѓаа лисици кои беа зацврстени за таванот и подот“ се наведува во соопштението на полицијата.

Во еден контејнер имало стоматолошка столица со ремени за нозе и раце.

„ Резервоарот на бродот со стоматолошка столица, исто така, содржеше торби со предмети за кои претпоставуваме дека биле наменети за тортура или барем да создадат притисок врз жртвите“, се додава во соопштението.

Во контејнерите имало и камери за надѕор. Полицијата открила и три украдени комбиња за испорака, две БМВ, седум пиштоли и кинеска варијанта на пушката АК-47.

Властите соопштија дека истрагата започнала во април, за време на која полицајците пристапувале до криптираната социјална мрежа „Енкрочат“ за да ги следат движењата и плановите на групата осомничени за киднапирања. На овој начин, полицијата открила кои се планираните жртви и успеала да ги предупредува и да ги заштити.

„Ентрочат“, кој нудел безбедна услуга за размена на пораки преку мобилна апликација, бил „криминален пазар“ што го користеле 60.000 луѓе ширум светот за да ја координираат дистрибуцијата на нелегална стока, перење пари и планирање на убиства, според британската Национална агенција за криминал (NCA).

За време на рацијата полицијата уапси шест мажи поврзани со контејнерите за тортура. Сите уапсени се од Холандија, а судот во Амстердам им одреди 90-дневен притвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Британска полиција: Две деца убиени, шест во критична состојба во напад со нож во Саутпорт

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени