Утрински Весник
Свет

Директорот на ФБИ: Најголема закана за САД е Кина

Директорот на ФБИ: Најголема закана за САД е Кина

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј изјави дека делата на шпионажа и кражбите на кинеската влада претставуваат најголема долгорочна закана за иднинаста на САД.

Вреј во Институтот Хадсон во Вашингтон оцени дека во прашање е повеќеслојна кампања за нарушувања, пренесе Би-би-си. Тој додал дека како цел на Пекинг се нашле кинески државјани кои живеат во странство, бидејќи, како што вели тој, Кина се обидува да ги принуди да се вратат во својата земја.

Исто така, Вреј вели дека Кина се обидува да ги компромитира американските истражувања за коронавирусот.

„ Сите напори на Кина се насочени кон тоа на каков било начин да стане единствена светска суперсила“ оценува Вреј.

Во речиси едночасовен говор, Вреј зборува за наводна кинеска кампања за економска шпионажа, кражба на податоци и парични кражби, како и за нелегални политички активности, користејќи мито и уцени со цел влијание на американската политика.

„ Дојдовме до точката на секои десет часа ФБИ да отвора нов контраразузнавачки случај во врска со Кина“ изјавил Вреј и додал дека од речиси 5000 активни контраразузнавачки случаи кои се во тек низ земјата, речиси половина се однесуваат на Кина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Дарманен: Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница