Утрински Весник
Свет

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина.

Автобусот возел по мост во градот Аншану кога ја пробил заштитната ограда и паднал во езерото. Локални медиуми пренесуваат дека во автобусот биле матуранти кои требало да полагаат приемни испити.

Возачот, кој исто така загина, ја возел оваа рута од 1997 година. Засега не е познато колку луѓе во тој момент биле во автобусот и колку меѓу нив биле матуранти.

На видеоснимките од инцидентот се гледа како автобусот полека вози по патот, по што нагло свртува, ја пробива оградата и паѓа во водата.

Противпожарната единица во провинцијата Гуижоу соопшти дека и натаму трае акцијата за спасување на преживеани. Властите спроведоа истрага за несреќата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија