Утрински Весник
Свет

Српската Народна партија го тужи Вучиќ поради воведувањето на полициски час

Српската Народна партија го тужи Вучиќ поради воведувањето на полициски час

Српската Народна партија најави тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните.

Од паријата велат дека Вучиќ прогласил победа над короната, а сега повторно ги заклучува граѓаните во куќен притвор, за да им ја наметне ним одговорноста за состојбата.

„Тој ги заведе граѓаните и ги загрози нивните животи со лажните избори“, наведе Народната партија преку соопштение.

Партијата повика на нови протести најавени за попладнево против воведувањето на полициски час.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела