Утрински Весник
Македонија

Се одложува „Галичка свадба“

Се одложува „Галичка свадба“

Советот на Месна заедница Галичник донесе одлука да го одложи одржувањето на манифестацијата „Галичка свадба“, која традиционално се одржува кон средината на јули, за време на верскиот празник Петровден.

„Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на Свадбата од претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата ‘Галичка свадба’ не треба да се одржи на Петровден. Будно ќе ги следиме состојбите и препораките и се надеваме дека Свадбата ќе ја одржиме наскоро“, информираат од организацискиот тим на Месната заедница Галичник.

Од таму велат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната „Галичка свадба“ може да се одржи на празникот Пресвета Богородица, односно на 28 август.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар над селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

МВР објави видео од марихуаната која беше запленета од меѓународната криминална група

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари