Утрински Весник
Магазин

Том Хенкс: Ако не носите маска, нема да ве почитувам

Том Х

Актерот Том Хенкс (63) нема голема почит кон оние што не носат маски деновиве и не се придржуваат кон епидемиолошките мерки во борбата против коронавирус.

Славниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон на почетокот на март објавија дека се позитивни на коронавирусот, кој во тоа време штотуку започна да одзема животи низ целиот свет, и беа меѓу првите заразени јавни личности. Тие се лекуваа од корона во карантин во Австралија, каде што се заразиле за време на снимање на филм, по што се вратиле во нивниот дом.

Оскаровецот откри во интервју за „Ројтерс“ дека е тажен поради новата состојба и фактот што луѓето не се грижат за своето здравје и за здравјето на своите најблиски.

„Секој може да направи три мали работи – ако сака. Носете маски, мијте ги рацете и држете растојание. Ако не можете да го сторите тоа, нема да имам многу почит кон вас“, рече актерот, апелирајќи до сите луѓе во светот.

Хенкс ги спореди овие мерки на претпазливост со возењето автомобил и возачите.

„Ако возите автомобил мора да ги користите сообраќајните сигнали, за да не возите премногу брзо и да внимавате на пешаците“, истакна тој.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка