Утрински Весник
Свет

САД ги обвинија синовите на поранешниот претседател на Панама за поткуп и перење пари

САД ги обвинија синовите на поранешниот претседател на Панама за поткуп и перење пари

Американските обвинители во понеделникот ги обвинија двата сина на поранешниот претседател на Панама, Рикардо Мартинели, за поткуп и за перење пари поврзани со бразилската градежна фирма „Одебрехт“, пренесува „Њујорк пост“.

Луис Енрике Мартинели (38) и Рикардо Алберто Мартинели (40) беа уапсени во Гватемала Сити кога се обиделе да се качат на летот за Панама и се соочуваат со екстрадиција во САД, се вели во соопштението на полицијата на Гватемала.

Портпаролот на семејството Мартинели не одговорил веднаш на барањето за коментар, но семејството во изјавата по апсењето изјави дека работи на обезбедување правна помош за синовите во Гватемала и да ја пренесат постапката во Панама.

„Одебрехт“ се најде во центарот на далекусежниот скандал за корупција во Латинска Америка, откриен во 2014 година, во кој компанијата платила повеќе од 700 милиони долари поткуп на владини службеници во различни земји.

Министерството за правда на САД во соопштението вели дека синовите на Мартинели се обвинети дека биле посредници за исплата на околу 28 милиони американски долари поткуп од „Одебрехт“ на висок функционер на Панама меѓу 2009 и 2014 година, период во кој нивниот татко бил на функција.

Кривичната пријава поднесена во федералниот суд во Бруклин, Њујорк, на 27 јуни, ги опишува браќата како „блиски роднини“ на службеникот, без да даде дополнителни детали. Во тужбата, се тврди и дека браќата управувале со тајни банкарски сметки под имиња на фантомски компании за да се олесни плаќањето на поткупот, а многу трансакции се направени преку американските банки.

Поранешниот претседател Мартинели и неговиот наследник Хуан Карлос Варела минатата недела добија забрана да ја напуштат Панама додека се под истрага за перење пари во одделни случаи на корупција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија, ве чека голема казна

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија