Утрински Весник
Македонија

Заев: 12.000 стечајни работници добиваат месечен надомест од 8.000 денари, ќе добијат и домашна платежна картичка

Заев: 12.000 стечајни работници добиваат месечен надомест од 8.000 денари, ќе добијат и домашна платежна картичка

„Векот сте го дале за татковината. Нечесно е да останете, вие стечајните работници без примања. Затоа воведовме 8.000 денари месечен надомест за 12.000 стечајни работници за да имаат со што да го минат месецот. Тоа е фер и правично општество“, им порача претседателот  на СДСМ, Зоран Заев на стечајните работници во Куманово.

Тој истакна дека и стечајните работници во следниот период ќе добијат домашна платежна картичка од 9.000 денари и додаде дека во изминатите две и пол години, Владата предводена од СДСМ докажа што е вистинска грижа за народот, за сите граѓани.

„Докажавме дека има пари во нашата земја за граѓаните. Ја воведовме социјалната пензија. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, воведовме детски и образовен додаток и го проширивме опфатот на деца со овие мерки. Обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. Инвестираме во човечкиот капитал, а ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на споменици, музеи, стиропорни фасади. Следниот мандат социјалната грижа продолжува уште повеќе и уште подобро“, заклучи Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството, ќе сториме сè кандидатите кои сакаат, да полагаат правосуден испит на својот јазик

Дете повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Заврши судењето за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност и прибавување имотна корист, пресудата на 5 мај