Утрински Весник
Свет

Северна Кореја не планира да седне на преговарачка маса со САД

Северна Кореја не планира да седне на преговарачка маса со САД

Северна Кореја не планира да седне на преговарачката маса со САД, се вели во изјавата објавена од генерален директор на Одделот за американски работи при Министерството за надворешни работи на на Демократска Република Кореја (КПРК), Квон Јонг Гун, пренесува Централната новинска агенција (КЦНА).

Претходно, првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, во коментар за извештаите за потенцијалниот самит со САД изјави дека Пјонгјанг не треба да одржува разговори со САД.

„Некои луѓе прават самоцентрично толкување на изјавата на нашиот прв заменик министер за надворешни работи дека тоа е порака со која ги повикува САД да дејствуваат и еден вид барање за поголема отстапка. Повторно експлицитно кажувам дека немаме намера да седнеме да разговараме со САД “, рече Квон Јонг Гун.

Оваа изјава беше упатена до силите во Јужна Кореја кои понудија помош, наводно, за решавање на односите ДРПК-САД, кои стануваат се покомплицирани.

Првиот самит меѓу САД и Северна Кореја се одржа на 12 јуни 2018 година во Сингапур. Претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун,  потпишаа заеднички документ во кој Пјонгјанг се обврза да го денуклеаризира Корејскиот Полуостров за возврат за американските безбедносни гаранции.

Сепак, вториот билатерален самит во Ханој не даде резултат. Двајцата лидери одржаа и кус состанок во Панмуџом, село на границата меѓу двете Кореи, на 30 јуни 2019 година и се согласија да продолжат разговорите на работно ниво, но следната средба на работните групи во Стокхолм беше залудна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков