Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Го ветивме и реализиравме концептот – парите назад кај граѓаните

Шахпаска: Го ветивме и реализиравме концептот – парите назад кај граѓаните

За три години покажавме вистинска грижа за граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ покажаа грижа само за Груевски, истакна Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3.

„Наместо помош и поддршка на најранливите категории на граѓани, ВМРО-ДПМНЕ со години го држеше нивото на социјална помош на срамно ниско ниво и ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори. За три години, СДСМ преку социјалната реформа не само што ја зголеми социјалната помош за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток и го прошири опфатот на деца. Понудата за новиот четиригодишен мандат е уште повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. За исто така три години, СДСМ го реши проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници денес добиваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари. За време на 11-те години на ВМРО-ДПМНЕ решен беше статусот на само околу 4.000 стечајци“, рече Шахпаска.

Додаде дека СДСМ го ветил и реализирал концептот парите назад кај граѓаните, а за тоа зборуваат и 28 милиони евра кои ги враќаат назад преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам.

Покрај стечајците, вели Шахпаска, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.

Спомена и дека се намалени  нотарските и трошоците за извршители, а со отписот на камати на долгови за физички лица, избришани се 10 милиони евра долгови на граѓаните. Ги намаливме и казните до 75 отсто, а воведовме опомена пред казна, додаде Шахпаска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип