Утрински Весник
Македонија

Богојески: Да гласаме за број 10, за граѓанска контрола во Парламентот и за единствената шанса за сигурна промена

Богојески: Да гласаме за број 10, за граѓанска контрола во Парламентот и за единствената шанса за сигурна промена

Лидерот на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1, Петар Богојески заедно со кандидатите за пратеници од оваа изборна единица го посетија и разговараа со пазарџиите од Зелен пазар од каде оценија дека владее огромна разочараност од владата, разочараност од системот и институциите, празни ветувања, а ништо исполнето.

„Со години ги слушаат истите ветувања и се излажани од властите дека ќе им се обезбедат достојни услови за работа во нов, реновиран пазар. Политичките елити мислејќи само на обезбедување глас за власт, воопшто и не ги слушаат проблемите на граѓаните, а камо ли пак да ги реализираат ветувањата. Зелен пазар е руиниран, протекува вода, а пазарџиите се приморани да работат во несоодветни и нехумани услови, се со цел да обезбедат егзистенција за семејствата. Тоа најмногу го чувствуваат во зимскиот период кога се приморани да работат на минусни температури”, вели Петар Богојески, носител на изборна листа за пратеници за ИЕ1.

Богојески упати апел на 15 јули да излезат масовно на гласање и го дадат гласот за број 10 затоа што тоа е единствената шанса која ја имаат за сигурна промена, за достоен и безбеден живот.

„Да излеземе и масовно да гласаме за број 10, да ја преземеме контролата во наши раце! Ако не гласаме различно или ако апстинираме од гласање, ќе си остане се по старо и ништо нема да се смени следните години! Само граѓанска контрола во Парламент може да ги менува работите! Затоа што сите вие заслужување подобро”, додаде Богојески.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер