Откако се појавија можни случаи на бубонска чума, Русија ги интензивираше патролите со цел да го запре ловот на мрмоти на границата со Кина и Монголија.
Властите во Бајан Нур, град во кинескиот регион, издадоа предупредување, откако болницата извести за сомнителна смрт.
Кинескиот регион го забрани ловот и потрошувачката на овие глодари и ја замоли јавноста да ги пријави сите сомнителни случаи.
Монголија, исто така, објави два случаи на бубонска чума поврзана со потрошувачката на мрмоти во западната провинција Ховд минатата недела.
Официјални лица во рускиот регион Амтаи, кој граничи со Казахстан, Кина и Монголија, рекоа дека патролите сега се наоѓаат во оваа област за да се запре ловот на мрмоти и да ги предупредат луѓето за опасноста, пренесува „Гардијан“.
Бубонската чума, позната и како „црна смрт“, е многу заразна и често фатална болест која најчесто се пренесува од глодари. Сепак, може да се третира со антибиотици, а епидемиите на оваа болест станаа исклучително ретки.