Утрински Весник
Спорт

„Нека објасни Зидан сега зошто Хакими си отиде од Реал“

„Нека објасни Зидан сега зошто Хакими си отиде од Реал“

Алехандро Камано, агентот на младиот фудбалер Ашраф Хакими кој го засили милански Интер во изјава за мароканскиот медиум „Al Mountakhab“ вели дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е главната причина поради која фудбалерот го напуштил Кралскиот клуб.

Десниот бек кој е производ на академијата на Реал минатата недела потпиша договор со Интер откако две сезони помина на позајмица во Борусија Дортмунд.

„Зидан е причината поради која Ашраф потпиша за Интер. Тој сега мора да објаснува зошто остана без еден таков играч. Конте постојано беше во контакт со нас, му раскажа се на Ашраф за проектот кој го гради и немаше дилеми околу трансферот“ – изјави менаџерот на фудбалерот.

Инаку, 21-годишниот Хакими за „милионерите“ одигра 73 меча на кои постигна 12 гола, а имаше и 17 асистенции.
Само во изминатата сезона постигна 9 гола и додаде 10 асистенции, со што се наметна како еден од најдобрите играчи на таа позиција.

Како отштета за Мароканецот, Интер на Реал му плати 40 милиони евра плус дополнителни 5 милиони за разни бонуси.

Хакими ќе заработува во Интер по 5 милиони евра по сезона.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига