Пејачот Роби Вилијамс и неговата седумгодишна ќерка Теди се исплашени од дух во нивниот дом во Велика Британија.
Пејачот, кој претходно тврдеше дека зборувал со духови и бил посетен од вонземјани, ја смени спалната соба на Теди со големата спална во која спие тој и сопругата Ајда Филд во куќата од 9 милиони фунти (16 милиони американски долари) во Вилтшир, откако таа му рекла дека таа е преплашена.
Говорејќи на Инстаграм во живо (Instagram Live), Роби рече: „Имаме многу, многу стар имот – изгледа како да е стар илјада години. Има една просторија од која ми лазат морници. Теди, нашата ќерка спиеше таму, но веќе не.“
„Кога порасна доволно за да зборува, ја прашав: Дали ти се допаѓа спалната соба? Дали ти се допаѓа куќата? Таа рече: Не ми се допаѓа куќава. Таа соба ме плаши.“ Јас ѝ реков: И мене ме плаши. Не мора да спиеш таму повеќе.
Роби, кој ја стави куќата за продажба уште во 2010 година, тврди дека некогаш го видел духот на своето куче.
„Јас верувам дека некои енергии остануваат во куќите. Го видов духот на кучето еднаш. Тоа беше Трикси, нашиот териер кој почина. Сестра ми се врати дома и јас погледнав надолу и таму беше Трикси. Потоа го снема, којзнае што беше тоа. Дали тој беше дух или трик на мојот ум? Дали умот ми повтори нешто што сум видел 300 пати?“
46-годишниот пејач претходно тврдеше дека натприродните глетки престанале откако тој станал татко на Теди (7), Чарли (5), Коко (22 месеци) и Бео (четири месеци).
„Најчудно е што, од кога имам деца, феномените престанаа да се случуваат.“