Најбогатиот договор во историјата на спортот го потпиша 24-годишниот квотербек на Кансас Сити Чифс, Патрик Махоумс – рекордни 503 милиони долари за 10 години.
Махоумс кој во 2017 година беше 10. пик на драфтот веќе во првата сезона во НФЛ лигата беше прогласен за МВП.
Неговиот стар договор имаше важност уште две години, но сега е потпишан новиот со важност до 2031 година.
Со ова Махоумс го сруши рекордот на Мајк Трут кој со 425 милиони долари за 12 години договор за Лос Анџелес Енџелс до сега беше најплатениот спортист во светот.
Махоумс е спектакуларно награден затоа што пред 5 месеци како МВП на „Супер боул“ ги предводеше Чифс до првиот шампионски трофеј по пауза од 50 години.