Утрински Весник
Спорт

Окампос е херојот на Севилја, даде гол, па спаси израмнување (видео)

Окампос е херојот на Севилја, даде гол, па спаси израмнување (видео)

Севилја доцна синоќа славеше на својот „Санчез Писхуан“ со 1-0 против Еибар и направи голем чекор кон обезбедување на место на табелата кое води во ЛШ идната сезона.

Херојот на Севилја беше Окампос кој беше стрелец на единствениот гол во 56 минута.

Сепак, вистинската драма се случуваше во самиот финиш на мечот, длабоко во судиското продолжение на мечот. Голманот на домаќините Вацлик се повреди, а тренерот на Севилја Лопатеги ги имаше направено сите замени.

На голот застана толму Окампос.

Во последниот напад, во мешаницата пред неговиот гол топката стигна до гостинскиот голман Дмитровиќ, кој беше во противничкиот шеснаесетник. Тој биеше од 5 метри, но Окампос интервенираше и ја спаси својата екипа од губење бодови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра