Утрински Весник
Спорт

Клуб од Бугарија на Фејсбук бара стопер за плата од 400 до 500 евра (фото)

Клуб од Бугарија на Фејсбук бара стопер за плата од 400 до 500 евра (фото)

Потврда дека на социјалните мрежи може да се најде буквално се доаѓа од Бугарија.

Имено, бугарски фудбалски клуб кој сезонава се натпреваруваше во Втората лига, Спартак Варна објави интересен оглас.
Тренерот на екипата, извесен Кирјакос Георгиу на Фејсбук објави дека клубот бара дефанзивец (стопер) кој знае да игра во формација 3-5-3, но условот е да поседува патна исправа од ЕУ.

Заинтересираните треба да испратат своја биографија и . на мејл, а клубот е одбере на кого ќе му овозможи проба, со обезбедено сместување и храна.

Загарантирана е месечна плата меѓу 400 и 500 евра, плус платено сместување.

Тренерот на клубот пишува и дека дошло ново раководство во клубот кој постои повеќе од 100 години и имаат амбиција Спартак на краток рок да направи екипа која ќе се врати во елитата и ќе се бори за излез во Европа.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем