Утрински Весник
Свет

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со Ковид-19. Локалните власти веруваат дека се проширил преку традиционален шамански обред.

Селото Шулута, кое се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од езерото Бајкал во сибирската провинција Бурјатија, има 37 потврдени случаи заразени со вирусот, од вкупно 390 жители.
Се верува дека уште 25 лица биле во контакт со заразените, и тие мора да бидат во карантин.

Заразата почнала откако десетина селани учествувале во шамански ритуали на 10 јуни, кои ги извршувала заразена жена. Рововите околу Шулута биле ископани на 29 јуни, како мерка за да се спречат туристите да возат низ селото кон блискиот Национален парк Тунк, како и за да го ограничат движењето на локалните жители, од кои некои биле скептични за наредбата да се самоизолираат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот