Утрински Весник
Свет

(Видео) Вухан се бори со поплавите, загрозени милиони луѓе

(Видео) Вухан се бори со поплавите, загрозени милиони луѓе

Mилиони луѓе се загрозени од силните дождови и поплави коишто ја зафатија Кина, особено местата лоцирани на на реката Јангцекјанг, а нивото на заштита од поплави е подигнато на втор степен.

Многу пороен дожд паѓа веќе два дена во Вухан и околината, а во некои делови, паднаа дури 250 милиметри дожд за 24 часа, или 250 литри на метар квадратен, објави „Ксинхуа“. На многу места, реките го преминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат да го спасат градот од поплавување.

Според „Ксинхуа“, се очекува врнежите да продолжат не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, кои се во опасност од поплавување, а милиони луѓе се загрозени.

Најризично е во провинцијата Хубеи, јаде главен град е Вухан, кој до неодамна беше најтешко погоден од коронавирусот. Како што сметаат во СЗО, пандемијата зибувнала токму во овој град , во кој имаше речиси 3.900 починати.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег