Утрински Весник
Свет

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка како 16-годишен голман го удира гром на терен

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка како 16-годишен голман го удира гром на терен

Иван Заборовски, млад голман на рускиот третолигаш Знамја Труда заврши во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако нема многу детали за случајот, се верува дека 16-годишното момче било погоден од гром на саботниот тренинг.

Тој е моментално на интензивна нега и неговите соиграчи од клубот се надеваат дека ќе се опорави.

Во меѓувреме се појави вознемирувачка снимка на која се гледа моментот кога гром удира во момчето. Иван се загревал на шеснаесеттерецот, кога во еден момент потрчал да ја удри топката, но бил погоден од гром. Сето тоа се одиграло во една секунда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег