„Не сум го вратил своето најдобро физичко издание, но одвај чекам да се затегнам и повторно да заиграм тенис. Посебно Вимблдон“ рече швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер кој последните неколку месеци е дома, со најблиските, заздравувајќи од повредата на оперираното колено.
„Тажен сум што сега не сум на Вимблдон, но среќен сум што сум во Швајцарија. Последниот меч го одиграв на 7 февруари против надал, за мојата фондација, а потоа следуваа две операции на колената. Но и карантин. За мене останувањето дома е позитивна работа, затоа што тоа не е нормалност во мојот живот. Веќе четвртина век патувам по светот и никогаш во својот дом не сум останал повеќе од 5-6 недели. Сега сум тука, веќе 5 месеци и можам да се грижам за семејството, за моите 4 деца. Убаво ми е. Живееме во планина и речиси со никого не сме биле во контакт. Родителите не сум ги видел 3 месеци“ – рече 39-годишниот Федерер.
Запрашан што е следно, вели продолжува со рехабилитацијата.
„Во последно време имав многу работа, иако не играв тенис. Многу работам на рехабилитацијата, беше потребно да се донесат вистинските одлуки, за колената да се во најдобра состојба“ – рече Швајцарецот чие враќање на терените се очекува на почетокот на 2021 година.