Утрински Весник
Свет

Припадник на вооружените сили на БиХ почина од коронавирус, вкупно 33 лица заразени меѓу војниците

Припадник на вооружените сили на БиХ почина од коронавирус, вкупно 33 лица заразени меѓу војниците

Во болницата Касиндо-Лукавица во Источно Сараево вчера почина З.Ц. член на вооружените сили на Босна и Херцеговинакако последица на Ковид-19, соопшти тамошното Министерството за одбрана.

Починатиот бил дел од Оперативната команда на Бригадата на воздухопловните сили во касарната „Рајловац“. Ова е втор член на вооружените сили на БиХ, кој починал како резултат на инфекција со вирусот Ковид-19.

До 6 јули 2020 година, вкупно 33 лица биле заразени во вооружените сили на БиХ од почетокот на пандемијата, од кои двајца починале, 11 се опоравиле, а 20 се водат како заразени.

Во согласност со ситуацијата низ целата земја, регионот и пошироко, Министерството за одбрана и вооружените сили на БиХ преземаат мерки за заштита од пандемијата, а во моментов се ангажираат ресурси за да им помогнат на цивилните структури во ублажување на ефектите од Ковид-19 на 11 локации.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk