Утрински Весник
Свет

Продолжува дијалогот меѓу Србија и Косово по пауза од една и пол година

Продолжува дијалогот меѓу Србија и Косово по пауза од една и пол година

Европската комисија го најави продолжувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово во недела, на 12 јули, кој беше прекинат во ноември 2018 година.

Портпаролот на Комисијата, Питер Стано, објави дека на 12 јули високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Џозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе бидат домаќини на физичка средба на која ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово беше прекинат во ноември 2018 година.

На состанокот во Брисел ќе претходи видеосамит, што се одржува в петок, во организација на Франција и Германија.

На самитот ќе присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, високиот претставник Борел и лидерите на Србија и Косово, Вучиќ и Хоти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гардијан: Британски компании за водоснабдување испуштаат отпад во постројки за пречистување

Руската компанија „Јандекс“ соопшти дека нејзиниот центар за податоци во градот Владимир прекинал со работа по украински напад со дрон

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот