Утрински Весник
Македонија

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Новиот бран на коронавирус кај нас дојде порано, граѓаните мора да прифатат дека ова ќе трае подолго од што се очекуваше, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на денешната прес – конференција сподели и информации и анализи од Институтот за јавно здравје за последните две недели.

„Од последниот извештај од 20 до 28 јуни, споредено со претходната недела, регистрирани се 303 помалку нови случаи, 8 помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти.
Изминатата недела има 860, што е значајно помалку од 1000 случаи во просек во минатите три недели“, рече Филипче.

Тој појасни дека Р-нула факторот на преносливост во изминатите 10 дена, само два до три дена бил над 1,1, а целиот останат перод бил околу 0,9.

„Најзастапени се возрасните лица над 60 години со 26 проценти. 44 проценти од нив биле лица со претходни хронични заболувања. Апелирам возрасните и хронично болните да бидат исклучително внимателни. Смртноста во оваа група е и највисока“, рече Филипче.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, кое е најголемо жариште на вирусот.

Тој го истакна растот на новите случаи на Ковид-19 во земјите од регионот.

„СЗО извести дека 60 проценти од слуаите, на 10 милиони пациенти од светот се регистрирани во месец јуни. Тоа значи секаде има нов бран, а кај нас дојде нешто порано. Состојбата во светот исто така пoкажува дека вирусот во текот на летото ќе исчезне не се остварија. Светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати, вирусот е тука и ќе остане подолго време, а ние треба да бидеме подготвени“, рече министерот Филипче.

Тој додаде дека граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од она што сите земји во светот го очекуваа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути