Утрински Весник
Македонија

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус

Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство во Центар“ и „Монструм“ е заразен со коронавирус.

Тој на судењата е придружуван од обвинителката Фатиме Фетаи, која наредните денови ќе остане во самоизолација по насока од епидемиолозите поради контакт со него.

Судот пак, го одложи утрешното рочиште за убиството кај Смилковското Езеро.

„Предметот во јавноста познат како „Монструм“, заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, информираше Кривичниот суд-Скопје.

Последно рочиште за случајот „Монструм“ имаше минатата недела, а предметот се води кај судијата Огнен Ставрев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест

За влез во државата на ГП Табановце и Богородица се чека околу еден час

(Видео) Колони автомобили кон Скопје