Утрински Весник
Магазин

Захари Квинто на кафе пауза во Лос Фелиз

Захари Квинто на кафе пауза во Лос Фелиз

Захари Квинто направи кратка пауза од саоизолацијата и реши да прошета надвор во период кога Холивуд се подготвува да се врати во нормала.

43-годишниот актер, номиниран за наградата „Еми“, полека се враќа во својата рутина пред очекуваната втора сезона на ТВ-серијата NOS4A2 (Ностерату) – хорор-драма со натприродни суштестава. Тој претходно одби да го промовира продолжението на социјалните мрежи со образложение дека планира да ја насочи својата платформа на посериозни работи.

Папараците го забележаа во неделата, кога одеше по кафе во близина на квартот во кој живее во Лос Анџелес. Тој носи темна маска за лице и практицира социјално дистанцирање додека чека пред „Блу ботл кофи“ во Лос Фелиз.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност